Нашата компанија КМГ ЕОЛ КВАЗАР ДООЕЛ СКОПЈЕ е основана во 2007 година со цел да дизајнира и понуди решенија за заштеда на електричната енергија со помош на иновативни соларни производи кои покрај заштедата на електрична енергија, помагаат и во заштитата на животната средина во борбата со климатските промени.

Веќе наредната година нашата компанија стана застапник на украинската компанија ЈСЦ Квазар, со што добивме целосна стручна и техничка поддршка во проектирањето и изведбата на соларните системи. ЈСЦ Квазар е компанија со огромно искуство во дејноста уште од 1961 година, со 8.000 вработени, која се занимава со производство на фотоволтаични ќелии, соларни модули и соларни системи во Украина.

         Во чекор со најновите технологии кои претставуваат иднина во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори нудиме широка палета на соларни производи како што се: автономни соларни системи за напојување, хибридни системи за домашно напојување, соларни електрични централи, соларни системи за улично, парковско, домашно осветлување, како и широк спектар на ЛЕД светилки, кои покрај примената во дел од овие системи, можат да се употребат и за секојдневните потреби за осветлување со замена на секаков вид постоечки светлосни тела или за декоративно осветлување.

        Нашата комплетна услуга се состои од: набавка на опрема за соларни системи и ЛЕД светилки, монтажа и инсталација, одржување на системите, замена на постоечко осветлување, системи „клуч на рака“ и креирање проекти согласно со индивидуалните барања на клиентите.



img6_prod img6_prod


Соработници и партнери:





Последна промена: 15.06.2011